9 C
Skopje
четврток, јуни 4, 2020

Ikea ќе користи биоразградливи амбалажи од печурки

Kabtel desktop

Познатиот производител на мебел Ikea ја разгледува можноста да започне да користи биоразградлив мицелиум кој доаѓа од печурки како дел од своите напори да го намали отпадот и да го зголеми рециклирањето, пишува Global Citizen.

Не е тајна дека амбалажите од стиропор се опасни за животната средина. Според истражување направено од Харвард, стиропорот е неодржлив, необновлив и загадувачки. Не само што споро се разградува, туку носи опасност по дивите животни кои често го конзумираат сметајќи го како вид на храна.

Дури и покрај овие податоци, луѓето годишно исфрлаат милиони тони ваков отпад на депониите. Но додека секој индивидуално не се одлучи дека ќе намали користење на пластика и стиропор, нема да има промени. Се проценува дека до 2050 година, 99% од птиците во светот ќе имаат делчиња од пластика во своите црева.

Ikea, свеснa за опасностите кои ги создаваат ваквите материјали, ќе ги промени материјалите кои ги користи за своите амбалажи. Мицелиумот е дел од печурката кој се наоѓа во коренот и расте во гранчиња кои се закачуваат за почвата.

Американската компанија Ecovative веќе развива алтернативен стиропор, а амбалажите направени од него веќе се именуваат како mushroom packaging. Откако ќе се исфрли, мицелиумот обраснува околу земјоделскиот отпад и за неколку дена неговите влакна го спојуваат целокупниот отпад создавајќи цврста површина. Тогаш се суши за да се спречи понатамошен раст.

Џоана Јароу, раководител на одделот за одржливост на Ikea за Велика Британија во изјава кажа дека компанијата ќе воведе амбалажи од мицелиум токму поради причината дека стиропорот е загадувач. Амбалажата од мицелиум ќе се разгради сама дури и доколку ја фрлите во почвата во вашата градина и нема да биде штетна.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •