18.4 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Apple, Google, Microsoft, Amazon и Samsung се петте најиновативни компании во светот!

Apple, Google, Microsoft, Amazon и Samsung се најдоа на врвот на листата на 50 најиновативни компании во светот, откриваат податоците од анкетата која ја спроведе The Boston Consulting Group објавени во извештајот The Most Innovative Companies 2018: Innovators Go All In On Digital.

Како што пренесува ICT Business, дури 11 од овие компании (од кои седум се рангирани во првите десет) се т.н. digital natives или компании кои првенствено работат во дигиталниот свет. За првпат помеѓу првите десет компании се најде и кинеската Ali Baba Group како и Uber. Во првите дваесет пак за првпат се најдоа Tencent, додека пак Airbnb, SpaceX, Cisco Systems, Orange и Marriott бележат благ пад. Најголемиот дел од сите рангирани компании имплементирале дигитална технологија во своите програми за иновации во годината што измина.

Едно од најголемите откритија од овогодинешното истражување е дека водечките компании како никогаш порано се концентрираат на овие четири елементи од дигиталните иновации: big data аналитика, брзо усвојување на нови технологии, мобилни производи и капацитети, како и дигитален дизајн. Истовремено, трендовите кои полека излегуваат од фокусот на големите компании се нови производи и услуги.

[quote]„Оние кои доцнат со дигиталните иновации ризикуваат да ја изгубат трката со оние кои вложиле порано и поодлучно.“, изјави Мајкл Рингер, коавтор на извештајот. „Конкурентската предност најмногу зависи од дигиталните услуги кои ги опкружуваат производите, а помалку од самите производи.“[/quote]

Извештајот исто така вели дека јазот помеѓу најјаките и најслабите иноватори е голем колку никогаш до сега, со тоа што 79% од јаките иноватори можат да кажат за себе дека имаат доволно дигитализирани процеси за иновации, а истово можат да го кажат само 29% од слабите иноватори. Јазот постои најмногу поради тоа што слабите иноватори се неспособни да усвојат добри техники за дигитални иновации, додека јаките иноватори натпропорционално инвестираат во дигитални технологии.

Авторите на извештајот предупредуваат дека традиционалните компании, независно од својата големина, не можат веќе да си дозволат традиционално да истражуваат и да развиваат производи. Со традиционалниот пристап, компаниите им ја предаваат својата конкурентска предност на дисруптивните компании. Сите компании веќе треба да одредат и развијат дигитална стратегија и да почнат да ја играат играта на иновации по нови правила.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •