Европската комисија го стартуваше проектот за бесплатен WiFi вреден 120 милиони евра

- Advertisement -

Со цел зајакнување на локалната бесплатна и недискриминаторска конектираност и поттикнување на граѓаните да се конектираат и на јавни места како плоштади, паркови, музеи, јавни установи итн. годинава почнува со спроведување на планот WiFi4EU, пренесува Zimo.

Проектот WiFi4EU беше најавен во мај 2017 година, а би требало да им овозможи на општините и заедниците, телата и институциите од јавната власт со неповратни средства од европските фондови да обезбедат безжичен Интернет на местата каде што се собираaт поголем број луѓе, односно на местата кои се сметаат за центри на јавниот живот.

Изградбата на потребната инфраструктура за WiFi ќе биде 100% кофинансирана, а ќе ги обврзе корисниците да плаќаат давачки за нејзино одржување и за безбедност во период од 3 години. Поддршката ќе се дава во вид на ваучер во вредност од 15.000 евра по управител, со кои ќе се плаќаат изградбата и опремата, а Европската комисија ќе му ја исплати вредноста на ваучерот на извршителот на работата.

- Advertisement -

Програмата има вкупна вредност од 120 милиони евра и е наменета за сите земји членки на Европската унија. Расположливите средства би требало да се доделат во зависност од гоеграфската поделба меѓу земјите.

Сподели!
- Advertisement -