Tesla ќе претвори 50.000 домови во Австралија во генератори на соларна енергија

- Advertisement -

Педесет илјади домови во Јужна Австралија наскоро ќе добијат соларни панели и батерии на Tesla како дел од планот на компанијата да се трансформираат домовите во генератори на струја кои ќе бида вклучени во централната мрежа. Оваа последна соработка на државата Јужна Австралија и на компанијата Tesla има за цел да се креира еден интерконектиран енергетски систем во којшто домаќинствата ќе споделуваат енергија преку паметна електрична мрежа. Одредени домови ќе добијат бесплатни соларни панели и батерии, додека проектот ќе се финансира од продажбаа на вишокот енергија од домовите, пренесува Inhabitat.

Овој план е само дел од енергетската иницијатива на Јужна Австралија која почна со силни напори за да се обезбеди чиста енергија по проблемите со стабилноста на мрежата во 2016 година. „“Мојата влада веќе му ја даде на светот најголемата батерија, а сега ќе му ја дадеме и најголемата виртуелна електроцентрала. Ќе ги искористиме домовите на  луѓето за генерирање енергија за електричната мрежа во Јужна Австралија. Домаќинствата коиѓто ќе учествуваат во планот многу ќе заштедат на сопствените сметки за струја” изјави премиерот Џеј Ведерхил.

- Advertisement -

Планот ќе започне со 1.100 домови кои ќе бидат опремени со систем од соларни панели со капацитет од 5kW и Tesla батерија. Потоа слична инсталација ќе биде поставена и на уште 24.000 домови, а во наредните четири години ќе се додаваат уште домови. Со 250 мегават-часови соларна енергија и 650 мегават-часови простор за складирање енергија, потенцијалот на 50.000 конектирани домови во Австралија ќе помогне земјата да го исфрли јагленот од употреба, кој сега е главниот извор на енергија.

Сподели!
- Advertisement -