10 C
Skopje
петок, октомври 30, 2020

Џеф Безос ја откри неговата формула за успех

Kabtel desktop

Основачот и извршен директор на Amazon, Џеф Безос, е познат по работата на иновации и пробивање на нови терени. Неговите компании веќе го променија начинот на кој фунционира малопродажбата, забавата и складирањето во облак. Но, се прашувате од каде треба да се почне кога сакате да совладате некои толку големи предизвици.

Безос ни дозволи да навлеземе во неговите мисли и да видиме како тој работи. Тој ја сумира неговата формула за успех во една брилијантна реченица: „Успехот бара талентирани експерти, почетнички ум и долгорочна ориентација“. Пред да си помислиме дека овие зборови на Безос се само обичен ПР, Inc.com ги пренесува трите чекори кои Безос смета дека водат до успех.

1.Опкружете се со вистинските луѓe

Доколку сакате да постигнете големи нешта, ви треба тим од одлични луѓе. Тие луѓе Безос ги нарекува талентирани експерти. Нели сите експерти се талентирани, ќе си речете? Но, како што покажуваат години истражување, не се работи само за тоа кој е во тимот туку како работат заедно. Токму затоа е битно да најдете луѓе кои знаат што прават и ја имаат потребната емоционална интелигенција за да работат добро со други луѓе кои се талентирани.

2. Постојано учете нешто ново

Проблeмот  со спојувањето на повеќе експерти е дека сите може да мислат дека само тие ги знаат одговорите на проблемите. Токму затоа е битно она што Безос го нарекува почетнички ум. Со други зборови, не сакате да бидете сезнајко туку да сакате да научите се. На тој начин доколку прифатите став на ученик кој преиспитува се што ќе му се каже нема да се ограничите себеси со застарени и нерелевантни работи туку ќе се фокусирате на нови и иновативни решенија. Освен тоа, нема да се грижите за тоа што го мислат другите за вас туку ќе се фокусирате на раст.

3. Бидете подготвени да „играте“ долго време

Никој не рече дека е лесно да се трансформира една цела индустрија или да се решааат најголемите проблеми во светот. Безос многу добро го знае тоа затоа што беше цел на остри напади пред десетина години кога Amazon немаше профит. Но, не се грижеше за тоа затоа што знаеше дека ќе биде потребно време додека да се остварат неговите амбициозни цели. Поинаку кажано, не ги жртвувајте долгорочните вредности за краткорочни резултати.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •