Прва конференција за ФИДИК договори за градежништво во Скопје

- Advertisement -

Асоцијацијата на инженери консултанти на Македонија (АЦЕМА) денеска во Скопје организира Прва конференција за ФИДИК договори.

На конференцијата, најавено е обраќање на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и на извршниот директор на ФИДИК, Енрико Винц.

Организаторите нагласуваат дека конференцијата е значајна за учесниците во градежни проекти кои се изведуваат во Македонија, во регионот и во интернационални рамки, како и за претставниците на државните институции и органите на локалната самоуправа кои се вклучени во градежништвото.

- Advertisement -

Членови на АЦЕМА се седум компании во Македонија кои нудат консултантско-инженерски услуги и тоа Бетон АД Скопје, ФЕГО Инженеринг Доо Скопје, Гранит АД Скопје, Жикол Дооел Струмица, ТЦС Билдинг Аутоматион Скопје, Сириус Консалтинг Дооел Скопје и Градежен Институт Македонија АД Скопје.

Сподели!
- Advertisement -