Германија ги забранува старите дизел возила во градовите!

- Advertisement -

На германските градови ќе им биде дозволено да ги забранат постарите дизел возила од некои делови од градовите. Федералниот административен суд во Лајпциг потврди дека Штутгарт и Дизелдорф легално ќе можат да ги забранат постарите дизел возила од зоните во градот кои се најмногу погодени од загадувањето, пренесува BBC.

Ваквата одлука е преседан и пример за други градови да преземат слични акции ширум Европа. Оваа одлука на Федералниот суд доаѓа по податоците дека во 70 германски градови загадувањето со азотни оксиди ги надминаа дозволените вредности во Европската унија. Емисијата на дизел возилата содржат азотни оксиди кои можат да предизвикаат респираторни болести.

- Advertisement -

Веројатно германската влада ќе се обиде да воведе национална политика за да осигура дека ќе има некаква консистентност на ниво на државата. Но, овој проблем со дизел возилата не е само во Германија. Многу европски градови се борат да ги исполнат стандардите на Европската унија за загадување и веројатно ќе го следар примерот на Германија.

Новите дизел возила нема да бидат засегнати, но консументите веќе се откажуваат од таа технологија, а забраните за употреба на дизел возилата само ќе го забрзаат тој процес. Од вкупно 15 милиони дизел возила во Германија само 2,7 милиони ги исполнуваат Еуро 6 стандардите.

Сподели!
- Advertisement -