„Божиновски часовници и накит“ се претстави на првиот саем за мажи „Gentlemen’s Expo“

- Advertisement -

Македонија има публика за настани кои ја негуваат високата естетика

Најпознатиот часовничарски бренд во Македонија „Божиновски часовници и накит“ беше дел од  првото издание на саемот за мажи  „Gentlemen’s Expo“, каде што посетителите преку интерактивни презентации имаа можност да дознаат нешто повеќе за светот на часовничарството.

Најголем интерес кај посетителите предизвика презентацијата на сервисот во склоп на компанијата, каде што истите имаа можност во живо да гледаат како вештите раце на сервисерите на единствениот лиценциран сервис за часовници во Македонија ,целосно расклопија и склопија комплициран механизам на часовник  – Valjoux 7750.

- Advertisement -

„Секогаш е добро кога имате можност да ги запознаете работите од внатре, како истите функционираат и како дишат. Секој еден часовник е приказна сама за себе и секој од престижните брендови на часовници кои ги застапува нашата компанија е единствен и специфичен на посебен начин. Целта со презентацијата ни беше да пренесеме барем дел од пасијата кон часовничарството која сите вработени во компанијата ја негуваме и особено сме среќни што барем за момент успеавме да го постигнеме тоа. Тоа не охрабрува и во иднина како компанија да организираме ваков тип на презентации во различни форми ,со цел да ја разоткриеме мистериозноста на комплицираниот механизам на часовникот и истата да допре до што повеќе срца“, изјавија од Божиновски часовници и накит.

- Advertisement -

Покрај со сервисот, посетителите на изложбениот простор на оваа часовничарска компанија застапник на најпознатите швајцарски брендови , имаа можност да дознаат и нешто повеќе за историјата на брендовите, новите колекции на часовници и за актуелните трендови во светот на часовниците.

- Advertisement -

„Како компанија застапник на познати брендови на часовници постојано сме присутни на најголемите саеми и настани во светот каде се презентираат новите трендови во нашата индустрија. Саемот за мажи „Gentlemen’s Expo“, беше одлична можност искуствата од овие настани да ги пренесеме пред македонската публика. Се надеваме дека во иднина ќе се одржуваат повеќе настани од ваков тип во нашата земја, бидејќи сметаме дека има сериозна публика за истите.“, изјавија од компанијата.

Сподели!
- Advertisement -