17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Како да се изборите со критиките: Директорот на LinkedIn има одличен совет

Kabtel desktop

Никој не сака да го критикуваат шефовите или колегите. Ретко кој може да остане со ладна глава и со разбирање да ги прифати негативните коментари. Но, среќен е оној што може да учи од другите, а негативните коментари да не допрат до него и да го погодат. Токму таквиот начин на размислување се совпаѓа со советот кој го даде диракторот на LinkedIn, Џеф Винер, пренесува Bizlife.

Дури и негативните коментари можат да бидат корисни. Сфатете ги сериозно, но не дозволувајте да ве дефинираат. Вие самите се дефинирате. Рационалното прифаќање на негативните коментари и критики влегува во доменот на емоционална интелигенција, односно способноста да ги контролирате емоциите така за да работат за вас, а не на ваша штета.

Често се случува веднаш да заземеме одбранбен став кога добиваме критика, а често и се оглушуваме на нив. Сепак, критиките треба да ги сметаме за подарок дури и кога не се контруктивно артикулирани. Зошто? Затоа што ви помагаат да ја разберете перспективата на оните кои светот го гледаат поинаку од вас.

Со тоа што се обидувате да ги разберете негативните коментари вие можете да:

– ја потврдите вредноста на своите идеи и да се подготвите за слична критика во иднина;
– ја уобличите својата порака, па да досегнете и друга перспектива;
– ја иденфитикувате подобро својата публика;
– ја промените и да ја адаптирате пораката.

Она што е битно е да не дозволите негативните коментари да ве дефинираат, односно да одредат кои сте. Тоа значи да не дигате раце од се затоа што некој мисли нешто негативно за вас. Или да губите многу енергија и време објаснувајќи им на небитни луѓе што сте сакале да кажете.

Следниот пат кога некој ќе ви упати негативен коментар наместо да се повлечете во себе, запрашајте се: Како можам да ги искористам овие коментари за да се подобрам? Ако ги оставам чувствата настрана, што можам да научам од оваа алтернативна перспектива?

Кога ќе научите да го правите тоа, тогаш критиките и за вас ќе бидат подарок.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •