Холандскиот иноватор Дан Роозегарде ќе прави дронови кои го чистат воздухот

- Advertisement -

Проектот Smog Free Project на Studio Roosegarde продолува да го чисти воздухот во светот – тимот неодамна ја постави кулата која го чисти воздухот Smog Free Tower во паркот Јордана во Краков, Полска, откако долго време беше поставена во Пекинг, но Дан Роосегарде има уште многу идеи за да го прочисти нашето небо. Во ексклузивно интервју за сајтот Inhabitat, Роозехарде ги изнесе своите идеи за првите дронови во светот кои ќе го чистат воздухот Smog Free Drones, кои ќе создадат личeн простор од чист воздух.

Замислете додека се движите над главата да ви стои мал дрон кој го чисти воздухот. Тоа е идејата зад Smog Free Drone или Smog Free Floatable. Оваа нова визија на Studio Roosegaarde е во многу рана фаза, но Роозехарде вели дека е возможно да се реализира.

- Advertisement -

Smog Free Project е движење. Ги направивме Smog Free Tower, Smog Ring, Smog Free Bicycle, но истовремено сакаме да направиме нешто што ќе биде поперсонализирано и преносно. Така дојдовме до идејата за дроновите или летачките уреди. Тоа ќе бидат наши ‚другари’ кои ќе левдат над нашите глави и ќе ни даваат чист воздух додека се движиме низ загадените градови“, вели Роозехарде за Inhabitat.

Smog Free Drone ке функционира како алтернатива за неудобните маски за дишење. Роозехарде ги опишува како еден вид „Пакмани“ (Pac-Mans) кои ќе се движат низ градот и ќе не чуваат безбедни. Има и технички предизвици за овој проект како што се траењето на батеријата на дроновите, безбедноста и бучноста, но Роозехарде смета дека тие може да се решат.

Сподели!
- Advertisement -