Почнаа нарачките за првиот летачки автомобил во светот

- Advertisement -

Првиот летачки автомобил во светот кој можете да го купите уште сега беше претставен на Geneva International Motor Show во Швајцарија. Холандската компанија PAL-V го откри својот финален модел кoј ќе почне да се произведува и сега примаат нарачки за автомобилот на нивната веб страница, пишува CNBC.

Од PAL-V велат дека првите автомобили ќе бидат готови во 2019 година, откако ќе ги добијат финалните сертификати за безбедност. Компанијата вели дека ова возило за двајца патници ќе може да достигне брзина од 160 километри по копно, а 180 километри во воздух. Ќе може да се издигне на висина од максимум 3,3 км, а ќе може да лета најмногу околу 650 километри.

- Advertisement -

Трансформацијата од копнено возило во летачки автомобил нема да биде едноставна како притиснување на копче, но сепак ќе биде готова за помалку од 10 минути. Моделот од првата линија ќе се продава по 499.000 евра, а ќе бидат произведени само 90 летачки автомобили. Потоа ќе биде пуштена линијата Liberty Sport Edition по цена од 299.000 евра.

Сподели!
- Advertisement -