Илон Маск: Првите луѓе ќе појдат на Марс во 2019 година

- Advertisement -

Веќе идната година, доколку се оствари визијата на генијалниот претприемач, можеме да ги видиме првите луѓе на Марс. Илон Маск смета дека населувањето на оваа планета е неопходно со оглед на тоа дека нови немири би можеле да го загрозат опстанокот на луѓето на Земјата

Славниот техно визионер сака да ги испрати првите луѓе на Марс во првата половина од идната година. Патувањето нема да биде гламурозно, првите тури ќе траат кратко, а долгорочната цел му е на Марс да испрати 1 милион луѓе, ги пренесува tportal.hr наводите на Business Insider.

Маск истакна дека веќе има луѓе кои сакаат да одат први. Многумина сметаат дека оваа програма им дава предност на богаташите, но Маск, кој ја изнесе идејата на фестивалот South by Southwest во Остин, Тексас, вели дека тоа е заблуда и дека на тие што ќе заминат ќе им биде многу потешко отколку на тие што ќе останат на Земјата.

- Advertisement -

Како причина за стартувањето на оваа програма го наведува присуството на нуклеарното оружје за масовно уништување, а не ја отфрла ни можноста за поголеми немири кои би можеле да прераснат во Трета светска војна. Ова може да биде решение за опстанок на човечкиот род, смета Маск.

- Advertisement -

„Сакаме да осигураме доволно ‚семе од нашата цивилизација’ на некое друго место за да можеме да се вратиме на Земјата и така да ставиме крај на мраќните времиња. Мислам дека затоа е битно да се најде самоодржлива база. Идеално е тоа да е Марс затоа што таму изгледите за преживување се поголеми отколку на Месечината“ објаснува Маск.

Маск се пошегува дека потоа ќе можеме да го нарекуваме Император. Тој се надева дека со Марс ќе владее директна демократија наместо репрезентативна, како што е сега случај во САД. Идејата е во зачеток, а SpaceX уште треба да објасни како луѓето ќе преживеат месеци или години на Марс.

Сподели!
- Advertisement -