12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Годинава пристигнува првата роботизирана кујна во светот

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Ви ја сервираме иднина, се вели во кампањата за првата роботизирана кујна во светот. Благодарение на системот за следење на движење првата роботизирана кујна во светот, дело на компанијата Moley Robotics, може прецизно да ги реплицира постапките на еден мастер шеф и да креира многу вкусни оброци зготвени по светски стандарди.

Всушност, во прототипот на кујната, која ја освои наградата Best of the Best на CES во Шангај минатата година, се вградени готвачките вештини на мастер шефот Тим Андерсон, победник на BBC Master Chef, вклучувајќи го секое негово движење и се реплицираат од страна на роботските раце.

Целосно функционален робот е вграден во преубаво дизајнирана професионална кујна, а прототипот беше претставен на интернационалното роботско шоу Hanover Messe. Комерцијалната верзија на кујната ќе биде ласнирана годинава и ќе поддржува библиотека со рецепти во стилот на iTunes, а ќe се состои од роботски раце, печка, плотна и екран на допир.

Ќе може да се управува преку екранот на допир или преку апликација за паметен телефон. Кога нема да се користи роботските раце нема да бидат видливи. Кога ќе работат, пак, се подигнуваат скалени ѕидови одоколу за да се готви безбедно кога нема никој дома.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!