19.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

На најновата модна ревија на Dolce&Gabbana продефилираа дронови наместо манекенки

Kabtel desktop

Дискусиите за тоа која манекенка била премногу слаба или премногу дебела наскоро ќе bидат минато. Имено, на неодамна одржаната модна ревија на модната куќа Dolce&Gabbana, на која беше претставена модната колекција за есен/зима 2016 година, отворањето не го направија вообичаените манекенки, туку дронови.

Дроновите еден по еден излегуваа на модната писта и продефилираа со најновите чанти од колекцијата. За да бидат сигурни дека дроновите ќе ја одработат својата премиера во светот на модата покрај работ на пистата стоеја нивните „следачи“. Имено, во првите редови на модните ревии секогаш се наоѓаат најбитните гости, па не би било згодно кога во скут би им паднал некој дрон.

За секој случај, организаторите на ревијата ги замолија посетителите да го исклучат Интернетот на своите мобилни телефони или нивните hotspot за да се избегне какво било попречување на сигналите. Публиката беше одушевена со новите „лица“ на модната сцена, а екипата од Dolce&Gabbanа со овој навистина иновативен потег уште повеќе го привлече вниманието на модната јавност. Како изгледаше премиерата на дроновите на модната писта можете да погледнете од видеото.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!