Hongmeng, оперативниот систем на Huawei, сепак ,не може да го замени Android

- Advertisement -

По неколку ужасни месеци компанијата Huawei призна дека нејзиниот оперативен систем Hongmeng, сепак, не може да биде замена за Android на Google. Од Huawei на новинари во Брисел им открија дека Hongmeng не е дизајниран за паметни мобилни телефони и дека компанијата планира да продолжи да користи Android.

Претходно претседателот на Huawei, Лианг Хуа, изјави дека компанијата уште не одлучија дали Hongmeng OS во иднина може да биде развиен како оперативен систем за смартфони. Тој додаде и дека системот е наменет за индустриска употреба.

- Advertisement -

Тоа е значајна промена во однос на претходните пораки на Huawei дека компанијата е подготвена да премине на сопствениот оперативен систем. Во јуни од Huawei соопштија дека е во тек лансирање на замената за Android, која ќе биде готова за неколку месеци. Наведуваат и дека „Huawei не сака да го замени Android затоа што е задоволен како член на тоа големо семејство“, но дека „Hongmeng се тестира главно во Кина“ Исто така, пред извесно време од компанијата порачаа дека Huawei ќе биде подготвен да ги користи своите алтернативи.

Сподели!
- Advertisement -