7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Instagram сега овозможува да користите хаштагови и линкови до профили во делот за биографијата

Kabtel desktop

Во декември минатата година Instagram им овозможи на своите корисници да ги следат омилените хаштагови и на овој начин побргу да дојдат до омилените и новите содржини кои ги интересираат на оваа социјална мрежа. Но, овојпат Instagram реши да оди подалеку со нови опции во делот на ажурирање на профилот односно вашата биографија.

Како што пренесува The Next Web, во делот за вашата биографија на Instagram профилот отсега ќе можете да користите хаштагови односно зборови со хиперлинк кој ќе пренасочува до друга страница, како и означување на останати профили користејќи го симболот @ заедно со корисничкото име на профилот. Кога ќе ги внесете овие поими во биографијата, Instagram автоматски ќе ги линкува.

Од социјалната мрежа изјавија дека кога ќе означите некој во вашата биографија, таа личност ќе добие нотификација на профилот. Доколку тие сакаат, ќе можат и да го декактивираат линкот кој сте го поставиле.

Оваа промена го прави делот за биографија на Instagram профилот многу покорисен и е само дел од подобрувањата на софтверот.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!