17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Лаборатoријата за иновации на Panasonic направи паметна корпа за шопинг

Kabtel desktop

Колку време губите додека чекате ред во продавница? Во многу земји има посебни каси на коишто сами си ги чекирате производите и си плаќате, но и таму знае да се создаде гужва. Компанијата Panasoniс во Јапонија тестира нов вид автоматизиран check-out систем кој се вика Regi-Robo со надеж дека вака ќе се елиминираат долгите редови на касите.

Паметната корпа за шопинг ги детектира предметите, ги скенира кодовите, прави сметка и ги пакува во кеса. Купувачите плаќаат на автоматска машина каде што секој сам се регистрира. Паметната корпа се става на машината, дното на корпата се отвора и производите паѓаат во кеса. Засега купувачите мора да ги скенираат производите пред да ги стават во корпата, пренесува Bizlife.

Овој концепт на Panasonic моментално се тестира во една продавница во Осака, Јапонија, каде што е и седиштето на Panasonic. Компанијата очекува да завршат прелиминарните тестови и поголема популарност за системот во 2018 година.

Целта на оваа технологија е да се заштеди време и да се подобри процесот на чекирање, а не да ја елиминира потребата од вработени во продавниците. Во Panasonic на продавниците гледаат како на продолжена рака на локалната заедница. Паметната корпа за шопинг исто така има потреба од многу помалку надзор отколку некои други системи.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •