4 C
Skopje
сабота, април 10, 2021

НАСА ќе испрати пчели-роботи на Марс

Kabtel desktop

НАСА најави дека ќе инвестира во ново истражување – ќе испрати роботи пчели на Марс за да ја истражува површината на планетата. НАСА ги нарече пчелите Marsbee и тимот истражувачи кои го спроведуваат проектот се надеваат да развијат модел кој ќе може да навигира во тенката атмосфера на Марс и да собира информации со помош на различни сензори, пишува Inhabitat.

„Целта на проектот е да се зголемат можностите за истражување и научни мисии на Марс преку тестирање на функционалноста на летачки објекти со крила во Марсовска атмосфера“ објаснува истражувачот Ченг-квон Канг од Универзитетот на Алабама.

Истражувачки тим од Универзитетот во соработка со се уште непознат тим од Јапонија ќе работи на креирање ефикасни начини за истражување на Марс. Роверот Mars се покажа како добра истражувачка машина, но сепак е многу бавен. Еден рој пчели роботи би го решил тој проблем бидејќи за многу пократко време ќе може да ја помине површината на Црвената планета. Телото на една пчела робот Marsbee би било исто како на вистинска пчела, но би имале поголеми крила. Истражувачите моментално го истражуваат најефективниот метод на летање – летање како вистинските пчели, фиксирани крила или со ротор.

Marsbees ќе бидат поврзани со мобилно гнездо во форма на традиционален ровер, кој ќе служи како база на која пчелите ќе ги полнат батериите и ќе пренесуваат информации. Пчелите Marsbees ќе можат да испраќаат информации и додека летаат преку технологија за Wi-Fi. Marsbee се уште се во рана фаза од развојот. Експертите на НАСА очекуваат физибилите студиите да траат цела деценија додека да се премине на втората фаза од проектот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •