-1.6 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Видео: Facebook ќе овозможи да видите кои пријатели споделуваат лажни вести

Kabtel desktop

Facebook оваа недела ќе го надогради својот систем во насока на борбата против лажните вести. Иако на прв поглед се чини дека надоградбата ќе придонесе кој создавање подобар контекст за вестите кои се појавуваат на почетната страница, корисниците многу попозитивно ја дочекаа најавата дека ќе се идентификуваат и пријателите кои споделуваат лажни вести.

Како што пренесува Klix.ba, оваа надоградба била тестирана уште минатата година, а им дозволува на корисниците со клик на иконката за информации да го откријат изворот на веста, поврзаните статии и „мапа“ на споделување на веста каде ќе може да се видат локациите каде најчесто е споделувана веста.

Кога корисниците имаат увид во деталите за темата која статијата ја обработува, ќе можат да дојдат и до информации кои ги разоткриваат потенцијалните лажни вести. Од друга страна, споделувањето на веста ја открива нејзината општа популарност и популарноста помеѓу вашите пријатели.

Погледнете како ќе изгледа ова во следново видео.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •