Цукерберг призна: Јас го основав Facebook, одговорен сум за се

- Advertisement -

Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, призна дека неговата компанија била премногу бавна во реагирањето на руското мешање во американските претседателски избори и се извини поради скандалот со приватните податоци на корисниците, чии податоци ги собирале апликациите без нивна согласност.

„Јас го основав Facebook, јас управувам со него и јас сум одговорен за тоа што се случува сега“ се наведува во во изјавата која Цукерберг ја прочита пред Комитетот за енергетика и трговија во Претседателскиот дом на Конгресот.

- Advertisement -

Тој рече дека тоа вклучува лажни вести, странско мешање во изборите и говор на омраза, како и приватност на развојните тимови и податоци, пренесува N1info. Според неговите зборови, Facebook e идеалистичка и оптимистичка компанија, но и компанија која не ја сфатила добро својата одговорност, што го оцени како голема грешка.

Цукерберг утре ќе сведочи пред Надзорниот комитет на Сенатот, а денеска се состана со повеќе конгресмени. Тој е повикан да се појави и пред Европскиот парламент, а одбивањето да го направи тоа некои го оценија како неприфатливо непочитување.

- Advertisement -

Според шефот на пратеничката група на Европската народна партија, Манфред Вебер, Цукерберг не би требало да го потценува капацитетот на Европскиот парламент да преземе чекори и против него и против неговата компанија и дека ЕУ има можност на компанијата на Цукерберг да и создаде огромни проблеми.

„Mора да не почитува. Треба да дојде и да објасни пред парламентот исто како што ќе го направи тоа пред Конгресот“ изјави Вебер.

- Advertisement -

Скандалот изби кога се дозна дека приватните податоци на милиони корисници на Facebook на непрописен начин завршија во рацете на компанијата Cambridge Analyticа, која ги користеше за претседателската кампања на Доланд Трамп.

Сподели!
- Advertisement -