Започна пријавувањето за стартапи за Balkan IT Conference во Скопје

- Advertisement -

Деновиве е најавено новото издание на дводневната Balkan IT Conference во Скопје и ќе се одржи на 7 и 8 јуни 2018 година. Од организаторите опишана како „најважниот IT настан на Балканот“, конференцијата ќе понуди интензивни бизнис работилници, презентација на бизнис идеи и стартапи и вмрежување.

Посебна можност за учество на конференцијата им е понудена на стартапите, кои со тоа што ќе се пријават за истата, ќе имаат можност својот стартап да го претстават пред разновидна и голема IT публика која секако ќе вклучува и потенцијални инвеститори.

- Advertisement -

Стартапите кои сакаат да се пријават за учество, прво мора да бидат стартапи кои доаѓаат од Балканот. Тие со своето учество ќе можат да го тестираат својот бизнис модел или да пронајдат бизнис партнери, а конференцијата ќе им послужи како платформа за тоа.

За да се пријават за учество, потребно е да испратат опис за својот производ или услуга кој нема да биде подолг од една страница. Описот треба да вклучува веб страница и лого на компанијата. Организацискиот комитет на конференцијата, најдоцна до 6 мај 2018 година, ќе избере пет стартапи кои ќе имаат можност да ја презентираат својата бизнис идеја на сцената.

- Advertisement -

Апликацијата треба да се испрати не овој меил: bitco@invictus-solutions.com

- Advertisement -

 

Преку ова учество, стартапите ќе се претстават пред инвеститори од Западна Европа и Балканот, пред етаблирани софтверски компании, а информациите за нив ќе бидат споделени и на веб страницата на конференцијата.

За повеќе информации, погледнето го Фејсбук настанот за конференцијата на следниов линк или на веб страницата на конференцијата на следниот линк каде исто така можат да се набават и карти за учество.

Целосната програма на дводневната конференција може да се најде на следниов линк.

 

Сподели!
- Advertisement -