Белград станува центар на светот – Кинезите сакаат од Србија да ги шират електронските спортски игри

- Advertisement -

Кина сака од Србија да се шират електронските спортски игри, а во српската престолнина да се организира натпревар  на 11 држави. Да потсетиме, Србија е единствената земја во регионот која има оформен Сојуз за е-посрт и единствената која има прилика да биде лисер во овој дел од Европа кога станува збор за натпреварите во играње компјутерски игри во реално време. Играњето игрички стана вистински спорт во Србија како фудбалот или кошарката. пишува В92.

Во кинескиот град Хаику, каде што неодамна беше одржано финалето од натпреварот во светски електронски спортски игри, претставници на Сојузот за е-игри се состанаа со претставници на кинеската компанија Alisport, која е една од компаниите-ќерки на групацијата Alibaba. Alibaba е најголем спонор на Меѓународниот олимписки комитет (800 милиони долари до годинаваа), а дел од тој спонзорски договор е да се направи олимписки формат за e-спорт.

- Advertisement -

„Нивната идеја сега е Србија, каде што е-спортот е признаен како гранка од спортот со свои дисциплини, да ја искористат како почетна точка за негово ширење”, објаснуваат од светскиот сојуз за е-игри.

Кинезите сакаат Светските електронски спортски игри да ги прошират во Европа следната година. Предноста на Белград е во тоа што во радиус од 500 км се наоѓаат сите главни градови на земјите од бивша Југославија. Затоа скаат српската престолнина да стане регионален центар за електронски спортови.

- Advertisement -

Токму преку Светските електроснки спортски игри Србија ќе се квалификува за учество на Олиписките игри во 2024 година во Лос Анџелес. Нациите кои ќе сакаат да учесвуваат ќе мора да оформат свои тимови. Тоа значи дека сојузите во сите земји мора да се формираат најдоцна за 2-3 години. Во целиот свет сега има околу 10 сојузи, а останатите се брзаат да ги оформат. Така, на пример, земјите во регионот од српскиот сојуз ќе добиваат инструкции како да направат се.

Во Србија моментално има 5 клубови за електронски спорт со 700 регистрирани играчи. Во просек, натпреварувачите се стари околу 22-22 години. Најголемиот успех на српските тимови е тоа што репрезентацијата во 2015 година победи на неофицијалното првенство одржано во Кореја , каде што учествуваа 45 земји.

Сподели!
- Advertisement -