Бетон направен од графен е двапати поцврст и поеколошки

- Advertisement -

Бетонот можеме да го додадеме на листата со работи кои може да ги подобри графенот. Научници од Центарот за наука за графен на Универзитетот Егзетер развија нова техника за инкорпорирање графен во производството на бетон со помош на технологија за наноинженеринг. Резултат на таа технологија е материјал кој не само што е двапати поцврст од бетонот кој го користиме денес, туку драстично се намалува карбонскиот отпечаток кој го остава конвенционалниот бетон врз животната средина.

Материјалот кој го направија научниците од Универзитетот Егзетер е четири пати поотпорен на вода отколку постојните видови бетон и според професорката Моника Крациум, со вклучувањето на графен во производството може да се намали количината материјали кои се користат за правење бетон за околу 50%. Тоа значи намалување на емисијата на јаглерод диоксид за 446 килограми по тон бетон, пишува Inhabitat.

- Advertisement -

Истражувањето беше објавено во минатогодишното издание на научново списание Advanced Functional Materials како нова, евтина техника која според Универзитетот, е компатибилна со барањата за модерно производство. Композитниот материјал може да се користи директно на местата каде што се гради.

Крациум го опиша новиот „зелен“ бетон како вистинска револуција во градежната индустрија. Според неа, отпорноста на вода, истрајноста и цврстината го прават уникатно подобен за градење во тешко пристапни области. Водечкиот автор на студијата, Димитар Димов, го опиша истражувањето како клучен чекор напред кон поодржливи конструкции во иднина.

Сподели!
- Advertisement -