1 C
Skopje
вторник, јануари 21, 2020

Шесто издание на Womenpreneurs Stories со Сара Усингер која основала стартап акцелератор во Иран

Kabtel desktop

На 10 мај, следниот четврток, во Јавна соба во Скопје со почеток од 18 часот, ќе се одржи шестото издание на Womenpreneurs Stories – иницијативата која има за цел да ги слави и да ги сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот

Настанот е замислен како работилница која ќе ја води Сара Усингер која освен што е стартап ентузијаст, успеала да отвори стартап акцелератор во Иран. Таа ќе раскажува за тоа со какви предизвици се соочила во текот на нејзината кариера, како дошла до моментот да отвора акцелератор во држава како Иран и каков бил процесот. Исто така, во делот наменет како работилница, Сара ќе обучува за Lean бизнис модел канвас.

Сара е неодамна вратена од Техран, Иран каде што го ко-основала, изградила и 3 години го водела првиот професионален стартап акцелератор. Незиниот главен фокус бил развојот на програмата, што влучувало развој на наставната програма, дизајнирање на процесот на аплицирање и селекција, како и развој и координација на мрежа на ментори.

Незината експертиза вклучува:

– Развој и водење на програми во еко-системи во развој.
– Дизајнирање на програми за акцелератори и инкубатори, базирани на нивните конкретни потреби.
– Поддршка на тимови при евалуација и адаптација на програми, за подобро да се приспособат на потребите на стартапите.
– Помагање на стартапи во рана фаза да ги дефинираат главните спецификации на нивниот бизнис.
– Подготовка на тимови за презентација на нивните стартапи на настани.
– Подигање и водење на Coworking простори, не само од аспект на внатрешна организација туку и од аспект на градење и развој на заедница.

На овој настан ќе можете да чуете за тоа како Сара оставила се зад себе и се преселила во Иран цели 3 години за да работи на развој на акцелератор и кои се вредностите на оваа незина одлука.

Сара Усингер е #SwissEP Entrepreneur-In-Residence од Германија, која работи со стартапи и организации во Македонија.

EIR Europe е иницијатива од страна на Швајцарската Претприемничка Програма, финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact заедно со J.E. Austin. Настанот е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; Public Room и Grouper.mk.

Обезбедете си го вашето место на настанот со купување на карта преку мрежата на Grouper на следниов линк, а за повеќе информации за настанот посетете го овој линк.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •