Facebook F8: Цукерберг ги откри плановите за нова апликација за запознавање сродни души

- Advertisement -

Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, изјави дека 2018 година била навистина тешка за компанијата. Но, исто така ја искористи приликата на годишната конференција за развивачи на софтвер F8 во Сан Хозе, Калифорнија, меѓу другите новини, да ја најави и новата апликација за запознавање. Тој на публиката и откри дека апликацијата за „спојување сродни души“ ќе биде лансирана наскоро и ќе ги има предвид сите досегашни проблеми со приватноста на податоците.

Компанијата не може да си дозволи уште еден скандал со податоците на корисниците како аферата со Cambridge Analytica. „Има 200 милиони луѓе кои во својот статус на Facebook напишале дека не се во врска. Бидејќи навистина сме посветени на градење значителни односи меѓу луѓето, ова можеби е најбитниот начин од сите“ изјави Цукерберг.

- Advertisement -

Тој објасни дека новата апликација ќе се фокусира на градење вистински долготрајни врски, не само еднократни средби за една ноќ и ќе ги исклучи постојните пријатели на Facebook од потенцијалните партнери. „Уште од самиот старт апликацијата ја работевме имајќи ги предвид приватноста и безбедноста на луѓето“ додаде Цукерберг.

Сподели!
- Advertisement -