Forbes: Ова се топ 10 најбогати луѓе во светот

- Advertisement -

Според најновиот извештај на најпознатиот бизнис магазин во светот, Forbes, на планетата Земја има повеќе од 2.200 милијардери кои заеднички поседуваат повеќе од 9,1 трилиони долари, што е раст од 18% во однос на минатата година, додека најбогатите 10 луѓе во светот во 2018 година на своите банкарски сметки во акции и проценета вредност на имотот поседуваат 744,6 милијарди долари,  пренесува Vidi.hr.

Најбогат жител на планетата Земја е соосновачот и шеф на Amazon, Џеф Безос, чија вредност се проценува на 112 милијарди долари. Меѓу топ 10 најбогати луѓе во светот, покрај Безос, се наоѓаат уште четворица, условно речено, технолози. На второ место е основачот и најголем акционер во Microsoft, Бил Гејтс, кој речиси секојдневно подарува милионски износи во добротворни цели, но и понатаму се збогатува, па моментално вреди 90 милијарди долари.

- Advertisement -

На трето место е еден од најуспешни инвеститори во светот, Ворен Бафет, кој можеби не треба да го наречеме „технолошки лидер“, но неговата компанија Berkshire Hathaway поседува огромен број акции во многу ИТ компании како Apple.

Основачот и шеф на Facebook, Мaрк Цукерберг, секоја година се искачува погоре на листата на Forbes, па годинава достигна до петтата позиција со проценета врендост од 71 милијарди долари. На десетто место е соосновачот на Oracle, Лери Елисон, со вредност од 58,5 милијарди долари.

- Advertisement -

Што се однесува на останатите милијардери во топ 10 од други индустрии на четврто место со 72 милијарди долари е Бернар Арно, француски магнат и извршен директор на компанијата за луксузни производи LVMH, која настана со спојување на компаниите Louis Vuitton и Moet Hennessy.

Зад Цукерберг на 6-то место е Амансио Ортега, основачот на групацијата Inditex, познат по синџирот продавници Zara, кој тежи 70 милијарди долари, а зад него, пак, е мексиканскиот претприемач Карлос Слим Хели, кој е тежок 67,1 милијарди долари и познат е по купување пропаднати компании кои ги претвора во профитабилни.

- Advertisement -

Осмото и деветтото место со по 60 милијарди долари го делат Дејвид Кох, потпретседател на корпорацијата Koch Industries и неговиот брат Чарлс Кох, извршен директор на Koch Industries.

Сподели!
- Advertisement -