-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 27, 2022

Франција ќе им забрани на продавниците да ја фрлаат непродадената облека

Kabtel desktop

Франција е многу прогресивна земја во поглед на елиминирањето на отпадот. Пред две години Франција беше првата земја која донесе закон со кој се забрани супермаркетите и продавниците да ја фрлаат храната на која и се ближи крајниот рок. Сега истиот пристап ќе го имаат во текстилната индустрија и ќе забранат фрлање на непродадената облека, пишува Green Matters.

Во 2016 година Франција имаше проблем со покачен број на бездомници кои претураа по контејнерите. Тоа резултираше со обиди на сопствениците на продавници да стават катанци на нивните контејнери и на отпадот. Наместо да ги фрлаат тие производи по кои трагаат бездомниците, земјата донесе закон тие продавници истите производи да мора да ги донираат за хуманитарни цели.

Сличен пристап од идната година ќе почне да се применува во однос на облеката. Премиерот Едуар Филип има за цел да создаде една циркуларна економија во Франција, а еден од многубројните предлози е да се забрани фрлањето на непродадената облека. Emmaus е хуманитарна организација основана во Париз која се фокусира на сиромаштијата и се залага за поширока примена на законот кој забранува фрлање храна со рок пред истекување.

„Имаме рок до 2019 година за владата да ја процени ситуацијата, да пресмета колкава е вредноста на облеката која се фрла, да ги прегледа процедурите за компаниите и нивните проблеми“ велат од Emmaus.

Колку е сериозен проблемот со фрлањето облека? Според податоци на Fashion Network, во Европа годишно се фрлаат 4 милиони тони облека, додека 5 милиони тони облека се пласираат на пазарот. Во Франција, пак, се фрлаат 17,5% од тој отпад, а само 22,9% се рециклира.

Владата разгледува иницијативи за принудување на компаниите од повеќе сектори да го намалат отпадот како што се индустријата за електроника, за мебел и хотелската индустрија. Се очекува дека законите ќе бидат донесени во текот на идната година.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!