1.6 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Наскоро ќе можеме да пробуваме патики преку засилена реалност

Kabtel desktop

Технолошките компании како Google, Facebook и Apple ја интегрираат засилената реалност како нивна идна платформа, каде што дигиталната забава и огласувањето ќе „живеат“ во реалниот свет. Стартапот Vyking, специјализиран за маркетинг во засилена реалност, токму тој тренд го користи за да ги задоволи сите колекционери на патики. Од видеото кое го објавија на Instagram може да се види како виртуелно може да се пробуваат патики и да се види како стојат на нога пред да купиме од некоја онлајн продавница пишува Quartz.

Се разбира, нема начин да почувствуваме како навистина се адаптираат на стапалото и технологијата уште не е готова за комерцијална употреба. Други компании веќе излегоа со свои технологии за пробување во засилена реалност како што се компанијата Warby Parker за очила, а па дури и Lacoste за пробување чевли, но апликацијата на Lacoste не ви овозможува да го движите стапалото и да видите како изгледаат чевлите од сите агли, што значи дека технологијата на Vyking е еден чекор понапред.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •