14 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

Facebook избриша повеќе од 500 милиони лажни профили

Kabtel desktop

Во првите три месеци од годинава Facebook избриша 583 милиони лажни профили, а најголем дел од нив се блокирани во рок од неколку минути од самата регистрација. Тоа е повеќе од 1/4 од сите 2,2 милијарди корисници на Facebook, пишува 24sata. Во извештајот објавен вчера пишува дека компанијата секојдневно брише по 1 милион лажни профили, со тоа што од 2 јануари до 31 март годинава во просек секојдневно се забележани 6,5 милиони обиди за регистрација на лажни профили.

Особено после скандалот со Cambridge Analyticа се е поголем притисокот на законодавството и на јавноста врз најголемата социјална мрежа во светот. Многумина сметаат дека Facebook станал премногу моќна алатка и дека треба да се пронајде начин да се регулира неговата работа. Извршниот директор на социјалната мрежа, Марк Цукерберг, во април сведочеше пред американскиот Конгрес и вети поголема траспарентност и одговорност во работата на социјалната мрежа.

На мета на лажни профили се и другите социјални сервиси како Twitter и YouTube. Според извештајот на Pew Research Center во април неверојатни 2/3 од твитовите на Twitter ги објавуваат ботови, а студијата која минатата година ја објави Универзитетот Оксфорд покажува дека токму ботовите на социјалните мрежи се моќна алатка во манипулацијата и креирањето политички ставови.

Клучна алатка во борбата против лажните профили е вештачката интелигенција, но и таа има свои маани. Иако блокираа повеќе од 500 милиони лажни профили, од Facebook проценуваат дека уште 3%-4% од профилите на мрежата се лажни, односно околу 66 милиони.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •