6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Tip of the Week: Лојалност

Kabtel desktop

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.

Лојалност, што беше тоа? Прашање кое мислев дека никогаш нема да си го поставам, но поради сите случувања околу мене, сепак ме доведоа до тоа да се запрашам!

Дали треба или не да се верува дека некој може некому да биде лојален?

Денес, лојалноста е толку  уништена и доведена на најниски граници, така што границата помеѓу лојален и нелојален е многу тенка. И тоа не е поради другите, туку е баш поради нас самите и нашата можност да процениме. Но и таа проценка е толку (да не кажам) невозможна што веќе се доведуваме во ситуација дека никому не треба да веруваме. Но знаете што, јас не губам надеж, знам дека лојалноста сè уште постои и ја има! Верувам, затоа што:  лојалноста е особина, лојалноста е карактер на човекот! Лојалноста е нешто што се гради и добива со години.

“You don’t earn loyalty in a day. You earn loyalty day-by-day.”

– Jeffrey Gitomer
Но, како да препознаеме дека некој е лојален? Како се однесуваат лојалните луѓе?

  • Интегритет – многумина мислат дека лојалноста е докажана преку послушноста. Не, лојалните луѓе се обидуваат да ја направат вистинската работа за вас или за компанијата на начин кој нема да ги повреди или да ги наруши вашите или нечии други односи или чувства. Можеби во почетокот нема да изгледа дека тоа што го прават за вас е вистинскиот избор, но со текот на времето, ќе се покаже.
  • Однос – ве третираат како човек, а и нивниот однос кон вас е пријателски и на највисоко колегијално ниво. Ако сте им надредени, не ве гледаат како претпоставен, туку некој со кој може да се комуницира. Да, тенка е линијата, но мислам дека е многу лесно да ја препознаете!
  • Дискусија кога другите се плашат – голем број вработени се двоумат дали да искажат своите ставови, а лојалните не! Лојалните имаат чувство за проблемите коишто се околу вас, и поттикнуваат разговор за теми за кои другите никогаш не би ни помислиле.
  • Во добро и во лошо – како пред матичар, но така е. Лојалните се со вас и кога е добро, но и кога е лошо. Кога е лошо, поттикнуваат ситуации кои ќе овозможат да се излезе од таа ситуација, а кога е добро, гледаат да биде уште подобро. Како велат: капетанот последен го напушта бродот, е па тие ќе го напуштат заедно со вас!
  • Грижа – се грижат за работите како да се нивни. Не прават разлика, ова е мое, а ова е твое.
  • Поддршка – нивната поддршка во јавноста секогаш ќе ја имате, но очекувајте дека кога ќе бидете насамо, ќе ви кажат дали се согласувале или не со вас. Поддршката од нив ќе биде исто како идејата да била нивна!

Нормално, сето ова погоре напишано и уште многу друго ќе го доживеете и ќе го почувствувате само ако и вие се однесувате кон нив на истиот начин. Лојалноста е тесно поврзана и со довербата, па ако сте човек од доверба, тогаш очекувајте и лојални луѓе околу вас. Во спротивно лутете се самите на себеси, зошто луѓето околу вас не ви се лојални!

Со успех во промените,

@kalin.babusku,

член на тимот

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •