1.6 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

На која возраст треба да биде еден просечен претприемач кога го основа својот прв стартап?

Kabtel desktop

Постојат многу теории за тоа колку треба да си стар, за да основаш стартап. Некои луѓе сметаат дека колку порано, толку подобро, бидејќи кога сме млади сме најмногу подготвени за ризици.

Од друга страна пак, мудроста доаѓа со годините, па колку си постар, толку подобра си ја знаеш индустријата, а можеби и повеќе од една индустрија. Па прашањето е, кога е најдобро да се основа стартап?

Фактите дефинитивно повеќе одат на едната страна. Според истражувањата кои ги направиле Duke UniversityKauffman Foundation, The Founder Institute, и Northwestern, просечниот претприемач е всушност стар 40 години во периодот кога го основа својот прв стартап, додека пак просечната возраст на претприемачите кои имаат брзорастечки стартапи е 45 години.

Додека технолошките портали изобилуваат со приказни за неверојатни дечки од 20 и нешто години кои стануваат милијардери, вистината е дека поголеми шанси за успех имаат претприемачите кои имаат околу 40 години.

„Истражувањето покажа дека повозрасните претприемачи многу подобро можат да предвидат претприемнички успех.“, изјавил Адео Роси, основач на The Founder Institute.

Според него, повозрасните претприемачи имаат повеќе комплексни проекти позади нив, како купување куќа и создавање фамилија, а често пати имаат и повеќе тврди вештини отколку помладите претприемачи. Нивната теорија е дека комбинацијата од вештини за успешно спроведување на проекти и искуство од реалниот свет им помага на повозрасните претприемачи да ги идентификуваат и да се фокусираат на пореални бизнис можности.

Еве неколку примери за повозрасни претприемачи чии стартапи стекнале огромен успех:

  • Ен Војчички, на 33 години го основала стартапот 23andMe
  • Реј Крок бил 52 години кога го направил McDonald’s мултимилијардерски бизнис
  • Сем Волтон бил 44 години кога го основал Walmart што подоцна стана голем ланец на маркети
  • Линда Вајман ја коосноваше Lynda.com која подоцна ја продаде на LinkedIn за 1,5 милијарда долари.

Истражувачите сакаат да ја подигнат свеста дека не треба да се омаловажуваат повозрасните со тоа што ќе се сметаат како луѓе без идеи, а при тоа и треба да се тргне притисокот од младите, особено милениумците, кои денес се чувствуваат неисполнето само поради тоа што не основале Snapchat најдоцна до 24-тата година.

Советуваат дека не треба да дозволувате некој да ви каже дека е доцна и да ве демотивира поради фактот дека сте веќе во 40тите години од животот, бидејќи никогаш не е доцна. Едноставно треба да продолжите да пливате додека не наидете на големиот бран кој ќе ве инспирира да го надминете.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •