19 C
Skopje
понеделник, јуни 1, 2020

Првата пловечка нација во светот ќе биде готова до 2022 година

Kabtel desktop

Првата независна пловечка нација во светот, Floating Island Projectкоја ќе се наоѓа во Тихиот Океан и ќе биде готова до 2022 година, ќе има сопствена влада и сопствена парична единица – криптовалутата вејрон.  Планот е овој пловечк град-држава да има 300 домови со мноштво ресторани, хотели, канцеларии итн. и сето тоа во близина на островот Тахити, пишува Daily Mail.

Во овој град-држава инвестира основачот на PayPal,  Питер Тиел. Проектот вреден 50 милиони долари е пилот-програма во партнерство со владата на Полинезија и доби поддршка од повеќе академици, филантропи и инвеститори. 

Како што е познато, жителите на оваа нација ќе бидат незасегнати од гелополитички влијанија и светската трговија. Локацијата е избрана затоа што овој регион лежи на корали и копното полека ќе исчезнува со покачувањето на нивото на морето. Кога ќе се уверат во функционалноста на првиот ваков град, ќе може да се планираат повеќе градови за сите кои ќе настрадаат од климатските промени. 

Покрај Питер Тиел, кој е најголем инвеститор во проектот, свој удел имаат и непрофитните организации Seasteading Institute и Blue Froniters. Пловечката нација ќе има и сопствена парична единица – криптовалутата вејрон. Се очекува да биде готова до 2022 година. 

Структурата на градот-држава ќе има зелени покриви послани со вегетација, а за изградба се користат бамбус, дрво и рециклиран метал и рециклирана пластика. Повеќе градби ќе бидат нестанбени и планирано е да функционираат како бизнис центри. Како што велат одговорните за проектот, ваквите градови-држави ќе бидат совршени за сите на кои им е преку глава од денешната политика. Секој што нема да сака да живее според некои правила, ќе може да си ја земе куќата со себе и да отплови до некој друг град-држава.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •