20 C
Skopje
вторник, септември 29, 2020

Биткоин годинава ќе потроши исто енергија колку и цела Австрија

TMF desktop 19.08.2020

Иако вредноста на биткоин драматично паѓа и расте, енергијата потребна за производство на биткоин постојано се покачува. Истражувачите проценуваат дека мрежата на биткоин консумира околу 7,7 гигавати енергија, што е еквивалентно на годишната потрошувачка на енергија на Австрија. Доколку вредноста на биткоин продолжи да расте, целата мрежа за производство на криптовалутата ќе троши дури 5% од целата енергија во светот, пишува Inhabitat.

Едно ново истражување објавено во весникот Joule предвидува дека биткоин ќе троши дури половина од вкупната произведена енергија во светот. Критичарите се сомневаат во наодите на студијата и тврдат дека нема доволно докази за да се определи идната потрошувачка на мрежата на биткоин со толкава прецизност.

Најголем дел од енергијата биткоин троши за рударење на криптовалутата, односно интензивна работа на компјутерски мрежи. Трансакции на криптовалутата се вршат преку блокчеин, мрежен сметководствен систем кој стои зад криптовалутите.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •