Samsung Art Store ја проширува својата колекција со 30 ексклузивни дела од Британскиот музеј

- Advertisement -

Меѓу новите додатоци се вклучени ремек-дела од прочуените британски уметници Џозеф Малорд Вилијам Тарнер и Џон Констабл

Компанијата Самсунг („Samsung“)  денес објави дека во својата продавница „Samsung Art Store“ додава нова, ексклузивна колекција од Британскиот музеј, составена од 30 уметнички дела. [1] Оваа внимателно одбрана колекција, достапна на компатибилните телевизори „Samsung Art TV“, вклучува дела од Џон Констабл, Џозеф Малорд Вилијам Тарнер и други реномирани уметници.

- Advertisement -

Колекцијата ги опфаќа пејзажите на англиската провинција на Констабл, познати по ретката способност на уметникот да ги долови променливите временски услови на небото. Од друга страна, акварелите на Тарнер се движат од бурни морски пејзажи до прикази на Венеција, Рим и Цирих.

„ „Samsung“ е посветен на користењето на својата технологија за да ја направи уметноста од светска класа подостапна за сите“, изјави Гвихо Ли, извршен потпретседател на одделот за визуелни прикази (Visual Display – VD) во Samsung Electronics. „Со вклучувањето на овие култни дела од Британскиот музеј во нашата платформа, горди сме што на нашата глобална публика ѝ нудиме едноставен начин да ужива во историската уметност во сопствениот дом.“

- Advertisement -

Претплатниците на Samsung Art Store ќе имаат пристап до колекцијата на Британскиот музеј и ќе можат едноставно да ја разгледуваат понудата, да изберат уметничко дело за прикажување на својот телевизор и да се префрлат на друго дело кога и да посакаат.

„Задоволство ни е што соработуваме со „Samsung“ за да им овозможиме на луѓето пристап до поголем дел од колекцијата на музејот во своите домови“, изјави Лиза Сан Мартин, привремен комерцијален директор на Британскиот музеј. „Се надеваме дека ова ќе ги поттикне гледачите да ги истражат делата што веќе ги познаваат, како и да откријат други, сосема нови за нив.“

- Advertisement -

Оваа иницијатива се надоврзува на соработката меѓу „Samsung“ и Британскиот музеј. „Samsung“ е и корпоративен партнер на изложбата „Кореја“ во музејот, која беше отворена на 1 октомври и ќе трае до 31 јануари 2027 година.

Колекцијата на Британскиот музеј ќе биде достапна на Samsung Art Store од 6 октомври.

                      

- Advertisement -