6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Англиската црква овозможи молење преку витуелниот асистент Alexа

Kabtel desktop

Англиската црква на верниците им понуди можност да го користат виртуелниот асистент на Amazon, Alexа, за молитва. Верниците сега можат да и наредат на Alexа да им ја прочита молитвата на денот, Десетте божји заповеди, молитвата на Господ или молитвата за пред јадење. Виртуелниот асистент Alexa доби и функција лоцирање на цркви во околината каде што се наоѓаат верниците за да ги поттикне луѓето почесто да одат во црква и да се молат.

Како што пишува Klix.ba, овој потег на Amazon е дел од онлајн кампањата на Англиската црква  откако бројни истражувања покажаа дека се помалку луѓе одат во црква и присуствуваат на миси. Англиската црква во иднина сака да овозможи слични услуги и преку Google Play сервисот. Податоците на истражувањата покажуваат дека 1,2 милијарди луѓе ја користат официјалната интернет страница на Англиската црква, но бројот на посети во црква се намалил за 14% од 2006 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •