6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Зошто 8-часовното работно време не функционира?

Kabtel desktop

Работното време од осум часа на ден кој настанал во периодот на индустриската револуција, е веќе застарен и неефикасен пристап на работа. Иако претставувал похуман пристап кон работењето, односно регулација на работното време, денес веќе не му е од корист на човекот.

Колку 8-часовниот работен ден е навистина ефикасен и дали е наследство од минатото кое веќе треба да се промени?

Човечкиот мозок бара одмор од 15 минути на секој час работа!

Преку студија спроведена неодамна, истражувачите со апликација ги следеле работните навики на одредена група вработени. Апликацијата следела колку време трошеле вработените на различни задачи и ги споредувала со нивната продуктивност.

Резултатите покажале дека должината на работното време не игра голема улога во продуктивноста, туку начинот на кој вработените си го структурираат денот. Вработените кои имале кратки паузи помеѓу задачите биле многу повеќе продуктивни од оние кои работеле во подолги интервали.

Идеалниот размер на работа и одмор изнесува 52 минути работа проследена со 17 минути одмор. Луѓето кои го примениле овој модел имале подобра фокусираност на задачите. Во тие 52 минути биле целосно посветени на работата, не проверувале е-маил или Facebook, додека пак во паузата од 17 минути воопшто не размислувале на задачата и се опуштале на свој начин.

Што вели науката?

Човечкиот мозок природно функционира во бранови на висока енергија кои траат околу еден час, после што следува бран на ниска енергија кој трае од 15 до 20 минути. Овој проток на енергија значи дека во различни периоди сме различно продуктивни, а ни треба и одмор за да можеме да продолжиме да работиме без дистракции.

Осумчасовното работно време може да функционира само ако се подели по интервали. Кога природната енергија ќе биле во склад со нашите напори, тогаш задачите ќе ги исполнуваме многу полесно. Еве неколку совети како да го направите ова.

  1. Поделете го денот по интервали – планирањето на денот по интервали од еден час ги поедноставува сложените задачи бидејќи ги раздвојува на делови. Ако сакате да бидете прецизни, може да работите по 52 минути, но и интервалот од еден час ќе ви заврши работа.
  2. Почитувајте го распоредот – Стратегијата со интервали функционира само затоа што ја користи енергијата кога таа ќе биде на врвот. Ако не се држите до едночасовните интервали и додека треба да работите вие проверувате е-маил, Facebook или разговарате со колегите, тогаш овој пристап ја губи својата цел.
  3. Земајте вистински одмор – вработените кои почесто земаат пауза се многу попродуктивни од оние кои воопшто не одмараат. Одвојувањето од работната задача ќе направи да заборавите на неа и на стресот кој можеби ви го носи. Пешачете, разговарајте со колегите на теми кои ве опуштаат, направете кафе или било што, што ќе ви ги наполни батериите.
  4. Не чекајте телото да ви сигнализира дека е време за одмор – ако чекате да почнете да се чувствувате уморно, тогаш веќе е доцна. Кога ќе се навикнете на распоредот, телото ќе знае кога да очекува одмор, а кога ви е потребно најмногу енергија. Многу попродуктивно е доколку се одморате почесто во текот на денот, отколку да продолжите да работите дури и кога се чувствувате уморно и деконцентрирано.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •