-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Фондот за иновации организира работилница „Thinking Big – Како до глобален стартап“ со експерти од Силиконската долина

Kabtel desktop

Фонд за иновации и технолошки развој најави дека ќе организира работилница на тема „Thinking Big – Како до глобален стартап“ која ќе се одржи следната недела на 5 јуни (вторник) во Јавна соба, конференциска сала од 9 до 16 часот.

Работилницата за улогата на акцелераторите, создавање на еко систем и стратегија за развој на стартапи и нивно лансирање на глобалните пазари ја водат експерти од Силиконска Долина кои во улога на основачи и ментори имаат помогнато на голем број старт ап компании:

Kрис Бери (Chris Burry), Co-CEO на US Market Access Center и основач на Avande (Accenture), најголемата консултантска компанија во светот со обрт од преку 4 милијарди долари и повеќе од 30.000 вработени

Стив Аделман (Steve Adelman), директор на Wharton Business School Accelerator во Сан Франциско, директор на управниот одбор на мрежата на бизнис ангели Wharton Alumni Angels of Sillicon Valley и ментор на LaunchPad на UC Berkley и Stanford.

Работилница е поделена на три сегменти и ќе опфати дискусија за стратегии за полесен пристап до глобалните пазари, презентација на веќе докажани практики и студии, потоа пренесување на искуства во областа на креирање на одржлив претприемачки екосистем, влијанието на изворите за финансирање, како и улогата на акцелераторите во целиот екосистем.

Вашето присуство задолжително најавете го на info@fitr.mk и за новости поврзани со информации следете го Фејсбук настанот на следниов линк.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!