Центар ги пушти во употреба првите повратни вендинг машини за рециклирање

- Advertisement -

Од денес, во рамки на проектот „И отпадот има вредност!“ на ЈП ПОЦ и општина Центар пуштени се во употреба првите повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки поставени на седум локации на територија на општина Центар.

Првите 7 машини за рециклирање се поставени пред бараките на општина Центар, кај слаткарница Апче, кај монтажната гаража „Буњаковец“, во затвореното паркиралиште „Дом на градежници“, затворено паркиралиште „Зелен пазар“, во ГТЦ и затвореното паркиралиште „Дилајла“ во Капиштец, а до крајот на годината ќе бидат поставени вкупно 27 машини.

- Advertisement -

Преку повратните вендинг машини жителите на Општина Центар ќе можат да рециклираат ПЕТ пластични шишиња и лименки, за што ќе добијат субвенции од Општина Центар на нивната GreenPay платежна картичка. Се работи за нова картичка која ќе ја замени постоечката М-карта и ќе овозможи многу повеќе поволности. Освен најава на гости, со GreenPay картичката жителите ќе имаат можност да учествуваат во процесот на рециклирање и да пазарат со попусти во зелената мрежа на локали кои се приклучија во овој проект – маркети, ресторани, кафеани, кафулиња и бутици.

-Направивме стратегија која ќе го помогне семејниот буџет на секое семејство во Општина Центар, ќе ја поттикне локалната економија, а воедно ќе биде корисна и за животната средина. Создадовме зелена мрежа од маркети, кафулиња, кафеани, бутици и ресторани каде со плаќање преку GreenPay картичката ќе може да се пазари со попуст од 3, 5 и 7 отсто, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски на денешната виртуелна презентација на проектот.

- Advertisement -

За секое рециклирано пластично шише или лименка од 0,25 до 0,75 литри жителите ќе добиваат 0,5 денари, за шише од 1 до 1,75 литри добиваат 1 денар, а за шише од 2 до 2,25 литри, 1,5 денари.

–Општина Центар ќе субвенционира средства со вкупен износ од 12 милиони денари за жителите кои ќе се вклучат во процесот на рециклирање и на овој начин дополнително ќе ги мотивираме преку сопствен пример да влијаат во подигање на свеста за зачувување на животната средина, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

- Advertisement -

Жителите на Општина Центар веќе од денес можат да аплицираат за GreenPay платежна картичка во катната гаража „Судска Палата“ на ЈП ПОЦ, со приложување на лична карта и барање за договор. Во следните денови ќе биде отворена и можноста за онлајн аплицирање преку ПОЦ мобилната апликација и веб платформата www.poc.mks

Сподели!
- Advertisement -