7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Овој хотел е дизајниран да собира енергија од океанот

Kabtel desktop

Хотелите насекаде во светот преземаат чекори за да станат лидери по одржливата архитектура или дизајнот. Од база на фјордови во најсеверните делови од светот до ресорти на тропски острови меѓу корални гребени, дестинациите за патување почнуваат да личат на локалната средина каде што се наоѓаат за да можат да ја искористуваат обновливата чиста енергија од природата.

Архитектката Марго Красојевиќ е позната по нејзините уникатни концепти кои ги поместуваат границите на обичното и конвенционалното. Нејзин најнов проект е хотелот Harmonic Turbine Tidal Hotel, дизајниран да ја користи директно енергијата од ветрот и од океанот, пишува GreenMatters.

Хотелот е така изграден што ги користи брановите за да генерира струја. Направена со помош на еколошки материјали зградата има две челични рамки поставени во алуминиум кои на хотелот му овозможуваат да се придвижува заедно со надворешните природни елементи. Под зградата има турбини на вода кои ги користат плимата и осеката за да генерираат енергија.

Хотелот е изграден во близина на островот Хаинан во Јужна Кина, каде што има ветровито време и големи бранови, кои се идеални за да фунцкионираат во хармонија со полупотопениот дизајн на хотелот. Исто така, хотелот е дизајниран да создава толку електрицитет што ќе има и вишок за да го продава на локалната електрична мрежа. Како резултат на тоа, хотелот не само што ќе им понуди одмор на туристите, туку ќе биде и самоодржлива градба кои истовремено е извор на енергија.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!