Зошто треба да ангажирате практиканти во вашата компанија ова лето?

- Advertisement -

Голем дел од студентите се заинтересирани за работно искуство и многу од нив ќе се обидат да најдат компании или институции за пракса, како и можности за усовршување на своите вештини. Доколку се решите да ја искористите оваа група на „свеж“ талент кој излегува од универзитетите, има шанси да најдете барем еден одличен практикант за вашата компанија.

Вашата компанија може да има придобивки од практиканти, а еве неколку примери за ситуации кога ангажирањето на практиканти е препорачливо.

- Advertisement -

1. Сакате тест возење пред да го купите автомобилот 

Практикантските програми се одличен начин за компаниите да внесат нов талент во работата. Праксите се со ограничено време, па доколку практикантот се покаже добро и можете да си го дозволите, вработете го. Но доколку не си ја врши работата успешно, не сте обврзани да го задржете. Секако, доколку се обидете да вработите некого колку за да тестирате и потоа му дадете отказ, ќе почне да ве бие лош глас.

- Advertisement -

Не ги користете вашите практиканти само за подготвување на кафе, туку внесете ги во суштината на работата и дозволете им да си ги „извалкаат рацете“. Практикантите можат да бидат вистинскиот потенцијал за иднината на вашиот бизнис. Доколку ги научат основите на време, тие можат значително да придонесат кон вашата работа и да продолжат да го развиваат бизнисот.

2. Вашата компанија се соочува со предизвикот на отсуство на таленти

- Advertisement -

Многу од малите бизниси немаат толку голем пристап на пазарот за вработување како големите компании. Но доколку понудите програма специјално дизајнирана за практиканти која ќе вклучува директно искуство, ќе добиете можност да привлечете добар талент. Типично, практикантите се мотивирани да бидат вклучени во ваквите програми.

Младите луѓе се полни со потенцијал и сакаат некој да ги слушне нивните идеи. Доколку не знаете како да стапите во контакт со можните практиканти, започнете со локалните факултети. Можеби токму некои од моменталните студенти во вашата непосредна околина ќе биде вашата десна рака во иднина. Учествувајте на саеми за вработување, разговарајте со студенти за практикантски можности и собирајте CV – a.

3. Посакувате да бидете ментор

Можеби сте толку страствен за вашиот бизнис, па понекогаш разговарате со тотални странци за тоа како се впуштивте во претприемништвото. Доколку се чувствувате навистина добро во поддржувањето на потенцијални претприемачи, ангажирајте практикант. Голема е веројатноста дека практикантите ќе сакаат да ја слушнат вашата успешна приказна.

Кога ангажирате практикант, треба да го обучите за потребните работни вештини. Овие практиканти ќе ви се обраќаат за совети од време на време. Доколку ангажирате практикант, ќе добиете шанса да подучувате некого и да гледате како се развива професионално.

4. Потребни ви се нови идеи и визија

Кога ангажирате практиканти, тие секогаш носат нови идеи. Многу студенти денес го учат на факултет она што може да биде бенефит за вашиот бизнис. Студентите практиканти најчесто се во тек со модерните трендови што може да биде голема придобивка. На пример, практикантот кој го ангажиравте во маркетинг секторот е студент по уметност. Тој можеби научил како одредени бои влијаат на расположението на луѓето, па ќе ви дадат идеи кои бои да ги одберете во вашите маркетинг материјали.

5. Сакате да ја промовирате вашата компанија на факултетите

Ангажирањето на практиканти креира амбасадори на вашиот бренд на факултетите. Вашите практиканти ќе стекнат вредни вештини на вашето работно место. Доколку им овозможите прекрасно искуство, големи се шансите дека тие ќе го споделат тоа со нивните колеги бидејќи имаат огромна мрежа на врсници од факултет. Соработката може да биде и двострана, па и тие можат да ви предложат некој успешен студент. Секогаш е добра идеја да имате практиканти кои ќе раскажуваат на своите колеги на факултет дека вашиот бизнис е одлично место за работа и нуди прекрасни можности за лично и професионално надоградување.

Сподели!
- Advertisement -