Bandito e бразлетна која ќе ве спаси од комарците

- Advertisement -

Никој не сака комарци. Не само што се досадни, туку шират и смртоносни болести како маларија, чума, жолта треска и вирусот зика. Тие мали инсекти се одговорни за околу 725.000 смртни случаи секоја година. Но, како да ги држиме подалеку од нас цело време?

Bandito е гаџет кој ќе израдува многумина. Оваа бразлетна функционира како блокатор на комарци. Ја произведува компанијата Guarden од Чикаго, која прави производи што го штитат домот и градината од инсекти, пишува Gadgets & Wearables. Малиот уред користи нетоксичен мирис во комбинација со звуци за да ги брка комарците. Го ставате на рака наутро и цел ден можете да шетате слободно.

- Advertisement -

Главните состојки на мирисот што го испушта се пеперминт, лимонова треба и цитронела. Сите три се докажани во борбата со комарците, но комбинацијата од трите е особено смртоносна за нив. Звуците, пак, кои ги емитува Bandito ги иритираат комарците, а ние не можеме да ги слушнеме освен ако го ставиме уредот блиску до увото. Нема да им пречи ни на домашните миленици.

Со постојана употреба една бразлетна трае околу 3 месеци, но може да се дополни, а батеријата трае околу 500 часа. Гаџетот е безопасен по кожата и е нетоксичен за луѓето. Моментално е во тек кампања на Indiegogo, а крајната цел од 25.000 долари веќе е надмината – 153.000 долари. Доколку сакате да ја поддржите кампањата, можете да донирате 29 долари и да добиете една бразлетна или да донирате 99 долари за семејно пакување од 4 бразлетни. Првите уреди ќе бидат доставени во август годинава.

Сподели!
- Advertisement -