19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Стартува ловот на вселенскиот отпад со харпуни и мрежи

Kabtel desktop

Орбитата на нашата Земја е преполна со вселенски отпад кој уште повеќе ќе се зголемува поради се поголемиот број лансирања во иднина. Од таа причина вселенските компании и агенциите како Airbuѕ и ESA во соработка со британскиот Универзитет Сари на Меѓународната вселенска станица донесоа сателит со тежина од околу 100 kg наречен RemoveDebris, кој ќе послужи за тестирање на технологии за отстранување на опасниот отпад од вселената.

Сателитот успешно беше лансиран од Меѓународната вселенска станица, а следните два месеци инженерите од контролата на Земјата ќе ги тестираат неговите потсистеми и технологии за фаќање на вселенскиот отпад како харпуни и мрежи во рамките на експериментот кој во најголем дел го финансира Европската унија, пишува Vidi.hr.

Практичните тестови треба да започнат во септември, а секој тест ќе трае 3-4 недели и ќе биде сниман со висока резолуција. Во еден од тестовите сателитот ќе исфрли мал сателит, а потоа ќе се обиде да го фати со мрежа, додека во другиот ќе се обиде да го погоди со харпун. Во последниот експеримент сателитот ќе исфрли големо едро за кочење, кое треба да го насочи кон Земјината атмосфера, каде што треба да согори на спектакуларен начин.

Доколку експериментите се покажат успешни, оваа технологија веројатно ќе се развива до практична примена за да се почне со чистење на опасните делови од вселенски мисии кои се небезбедни за собраќајот во нашата орбита.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •