Ова лето стекнете три навики кои ќе ви помогнат во градењето кариера

- Advertisement -

Поседувањето повеќе вештини е одлично, а може и веднаш да се исплати затоа што никогаш не може да знаете со кого ќе се поврзете и каде ќе ве однесе тоа

Лето е, што значи дека ова е совршено време за да се фокусирате на своите цели во кариерата. Ова годишно време е познато по опуштањето на плажа, но и како време на трансформација. Ако своето лето го планирате во согласност со ова, можете да посветите време себеси и на своите цели.

Ако барате начини за напредување во кариерата, треба цело лето да ги практикувате следните три едноставни, но битни навики, пишува Poslovni Puls.

- Advertisement -

Научете нова вештина
Без оглед на тоа дали станува збор за учење нов странски јазик, како да се менаџира со тим или како да се танцува, издвојте време за учење нова вештина. Би било добро таа вештина да е врзана за вашите цели во кариерата.

Потсетете се на своите новогодишни одлуки. Постои ли нешто на што во 2018 година уште не сте посветиле внимание? Сега е време да го истражите и да се фокусирате на тоа. Кој сон ви останал неисполнет? Без разлика за што станува збор, совладајте ја вештината која ќе ви помогне за остварување на тој сон со помош на нов курс, нова книга или видеа на YouTube.

- Advertisement -

Станете организирани
На сите ни е познато пролетното чистење, но што е со летото? Деновите се подолги, па се чини дека имате повеќе време на располагање и токму затоа сега е вистински момент да го организирате вашиот живот. Денес имаме многу  апликации на располагање, па не е лошо да издвоите време и да дознаете како се користат Trello, Dropbox или Evernote.

Најдобра цел за летото би била совладување на организациските вештини. Тоа ќе ви помогне да бидете попродуктивни на работното место. Луѓето сакаат да работат со некој што знае да ги држи сите конци во рака и е доволно организиран за да остане исклучителен во тоа.

- Advertisement -

Вмрежувајте се како тоа да ви е работа
Ова лето заборавете на Netflix. Наместо тоа, сами себеси поставете си предизвик да ги посетите сите настани кои се организираат летово и вмрежувајте се. Појдете на Eventbrite или на Google и побарајте летни настани за вмрежување во вашиот град. Ако, пак, сте интровертни и тоа ви се чини претешко, можете да пронајдете онлајн нетворкинг групи кои одговараат на вашите интереси. Ако, сепак, не најдете ништо, побарајте предлози од вашите пријатели.

Сподели!
- Advertisement -