Ова се најпродаваните електрични возила во Европа во 2018 година

- Advertisement -

Aналитичката агенција JATO Dynamics која редовно ги истражува и рангира најпопуларните електрични возила во светот, објави податоци дека за првите пет месеци од годинава, најпродаваниот електричен автомобил во Европа е Nissan LEAF.

Според нивните податоци, на глобално ниво како најпопуларни производители на автомобилскиот пазар, се Nissan и Tesla.

Конкретно за европскиот пазар на автомобили, продажбата на Nissan LEAF бележи неверојатен раст од 56%, односно остварени се 14 566 продажби на автомобилот.

- Advertisement -

На втората позиција се наоѓа автомобилот Renault ZOE чија продажба има раст од 6% или 13 511 остварени продажби во првите пет месеци на 2018 година. На трето место е електричната верзија на Volkswagen Golf кој има 8118 продажби.

Меѓу останатите десет најпродаваните електрични во текот на првите пет месеци од годинава се рангирани и следниве електрични автомобили: BMW i3 со 6941 продажби, Tesla Model S со 5745 продажби, Smart Fortwo со 3655 продажби, Tesla Model X со 3520 продажби, Hyundai Ioniq со 3454 продажби, Kia Soul EV со 3174 продажби и други.

- Advertisement -

Кај автомобилските групации, единствен лидер на пазарот на електрични автомобили во Европа е Renault-Nissan со пазарен удел од 41%, по што со по 13% се Tesla и Volkswagen, BMW Group со 10%, Hyundai-Kia со 9.6% итн.

Сподели!
- Advertisement -