Блумберг: Џеф Безос e најбогатиот човек во светот

- Advertisement -

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, стана најбогатиот човек во светот. Неговото богатство достигна 150 милијарди долари, според Bloomberg Billionaires Index. Тоа е за 55 милијарди повеќе отколку богатството на коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој падна од тронот и сега се наоѓа на второто место на најбогати луѓе во светот. Трет на листата е бизнисменот и директор на осигурителната компанија „Беркшир Хетвеј“, Ворен Бафет, со 83 милијарди долари.

Богатството на Гејтс во 1999 година било проценето на 100 милијарди долари, што денес би вределе 149 милијарди долари. Според овие податоци, шефот на „Амазон“ е побогат од кој било друг човек во светот од 1982 година, кога „Форбс“ првпат почна да објавува статистика за најбогатите луѓе.

- Advertisement -

Инаку, богатството на Гејтс би надминало 150 милијарди долари ако не се неговите донации. Тој донираше речиси 700 милиони акции на „Мајкрософт“, како и 2.9 милијарди долари во готовина и други средства од 1996 година досега.

Сподели!
- Advertisement -