НАСА бара нови идеи за справување со отпадот што го создаваат астронаутите во вселената

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА бара идеи како да се ослободи од отпад кој зад себе ќе го остават астронаутите во идните вселенски мисии. Условите кои треба да ги исполнуваат системите за собирање и обработка на отпад (Trash Compaction and Processing Systems, TCPS) се објавени во документ во рамките на програмата Next Space Technologies for Exploration Partnerships (NextSTEP).

Меѓу другото, предлог- идеите мора да понудат начин за компостирање на отпадот во облик погоден за долгорочно складирање и начин на обработка со кој ќе се намалат здравствените ризици, како и начин на управување со гасовите и течностите. Конечната цел е да се овозможат вселенски мисии кои не мора да зависат од залихи од Земјата за да бидат одржливи и евтини.

- Advertisement -

Во НАСА веќе работат на развој на сопствени решенија за менаџирање со отпадот во вселената, како, на пример, претворање на отпадот во плин, а истражуваат и опции за извлекување вода од отпадот. За 24 јули е закажан состанок со партнери на кој НАСА ќе појасни точни што треба и што бара од аутсајдерите со интересни идеи.

Рокот за предавање на официјалните идеи е 22 август. Приватните компании мора да учествуваат со минимум 10% од средствата потребни за финансирање на нивното решение. Избраните решенија ќе бидат тестирани на Меѓународната вселенска станица.

Сподели!
- Advertisement -