18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Почетна 1 ВИДЕО: Компанијата Aston Martin направи спортски летачки автомобил

ВИДЕО: Компанијата Aston Martin направи спортски летачки автомобил

Kabtel desktop

Компанијата Aston Martin на саемот за летачки превозни средства Farnborough Airshow претстави концепт за летачки автомобили наречен Volante Vision, кого го нарекуваат уште и спортски автомобил за на небо. На овој футуристички проект Aston Martin соработувал со Rolls-Royce и со научници од Универзитетот Кренфилд.

Од Aston Martin велат дека за  две години отсега на Farnborough Airshow ќе го претстават и првиот летачки прототип, а засега не е познато дали ќе можеме да го видиме автомобилот во новиот филм на Џејмс Бонд со оглед на тоа дека автомобилите од овој познат британски луксузен производител се заштитен знак на филмскиот серијал.

Летачкиот автомобил ќе може да достигне брзина до 320 км/ч, да превезува тројца патници и ќе биде целосно автономен, како што можете да видите од видеото подолу.

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019
Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •