Како правилно да негувате тенка и кршлива коса?

- Advertisement -

Генетика, неправилна нега, лоша исхрана – сите овие работи можат да резултираат со тоа да имате тенко и кршливо влакно. Токму ваквата коса знае да биде проблематична за одржување и во суштина секоја девојка сака да има поцврсто влакно, наместо да се соочува со разретченост и испукани влакна. Ако спаѓате во оваа група, тогаш многу ќе ви помогне да знаете како треба да се третира оваа појава и како да ја подобрите состојбата на косата.

Што значи тенка коса, а што тенко влакно?

Кога се вели тенка коса (разретчена) се мисли на состојба во која се опишува густината на фоликулите, односно колку блиску едно до друго се влакната на главата. Колку е помала густината, толку повеќе се препознава разретченост. Тенко влакно пак се однесува на состојбата во која влакното во дијаметар е помало од вообичаено, затоа тенките влакна се поизложени на кршење и отпаѓање. Колку е влакното потенко толку полесно се крши. Правилната нега е подеднакво важна кога станува збор за тенка разретчена коса, како и за тенко влакно.

Како да ја стилизирате?

Тенката коса во комбинација со тенко или кршливо влакно резултира со ситуација во која стилизирањето е многу потешко. Причината е што влакното е слабо и веројатно ви се случило, кратко време откако ќе направите фризура таа да се распушти, додека истовремено да се познаваат разретчени делови на главата. Токму затоа, колку помалку ја третирате, тоа подобро, односно за ваков вид на коса е подобро да практикувате поедноставни фризури, не практикувајте агресивни третмани. Доволно е на врвовите да нанесете производ со кој ќе го задржите нејзиниот облик.

- Advertisement -

Внимавајте при сушењето

Прв чекор, правилната грижа почнува со самото миење. Ако имате тенка и кршлива коса особено треба да внимавате при сушењето, затоа што косата е најсклона кон кршење кога е водена. Затоа, одбегнувајте да ја четкате косата додека е водена. Најдобро е да ја оставите природно да се исуши, наместо да користите фен.

Што можете да преземете за да ја подобрите состојбата на влакното?

Има две основни работи што можете да ги направите за да ја подобрите состојбата на влакното. Првата е исхраната. Така, доколку имате тенка и кршлива коса треба да консумирате храна богата со биотин. Биотинот има голема улога во одржувањето на здравјето на косата, кожата и ноктите. Тој се наоѓа во составот на производи како што се банани, ореви, бадеми и жолчка од јајце.

- Advertisement -

Покрај исхраната, втората работа на која треба да обрнете внимание е правилниот избор на производи за нега. Под ова се подразбираат како производи за стилизирање на косата, така и производи за хигиена. Прашањето е што треба да одбегнувате кога купувате некој од овие производи? Научете да ги читате етикетите (составот). Ако имате разретчена коса, како и тенко влакно, важно е производот во себе да содржи протеин и биотин.

- Advertisement -

 

ПАРУСАН – шампон и тоник за силна и здрава коса

Намалената густина на фоликулите, односно разретченоста може да е резултат на повеќе нешта. Од агресивни фризури, лоша исхрана, стрес, до хормонален дисбаланс – постојат голем број на причинители кои влијаат врз разретчување и опаѓање на косата кај жените. Причините е тешко да се утврдат (потребни се неколку месеци за да го забележите проблемот), но добрата вест е што кај дифузно опаѓање (состојба во која косата опаѓа рамномерно на целата глава), односно кога косата станува поретка и потенка можете да реагирате. Во тоа ќе ви помогне линијата ПАРУСАН, сочинета од шампон и енергетски тоник.

ПАРУСАН активно дејствува во спречувањето на тенка коса и дифузно опаѓање на косата. Оваа линија го стимулира растот на косата во два чекора:

  1. Стимулирачкиот шампон ПАРУСАН се нанесува на косата се остава да делува 2-3 минути, а потоа се исплакнува
  2. Енергетскиот тоник се нанесува по миењето, со нежно масирање на кожата на главата. Тоникот не се плакне. Потребно да го оставите да се исуши и потоа да ја фризирате косата.

По тримесечен третман со линијата, има значително повеќе фоликули во фазата на раст, што позитивно се одразува врз густината на косата. Биотинот и Л-Аргининот кои се наоѓаат во нивниот состав го зајакнуваат коренот на влакното, додека уреата, витаминот Е и пантенолот ја хидрираат косата, ја негуваат и ја прават здрава и сјајна. Клинички докажано!

Сподели!
- Advertisement -