0.2 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Малите кесички со кечап веројатно се наредниот пластичен производ кој ќе биде исфрлен од употреба

Kabtel desktop

Сега секој дискутира како да ја намалиме употребата на пластика за еднократна употреба. На поширок план, Европската унија сака да забрани десет типови пластика за еднократна употреба. Костарика е првата земја која се наева целосно да ја забрани употребата на пластика за еднократна употреба. Во нашите секојдневни животи пластика ја има насекаде и се чини не може да се избегнува. Добрата вест е тоа што намалувањето на употребата на таа пластика е многу лесно кога се планира и се инвестира во предмети кои се реупотребливи.

Но, има некои видови пластик за еднократна употреба која не ја ни забележуваме затоа што толку е навлезена во секојдневниот живт. На пример, такви се кесичките со кечап кои ги има по ресторани, а особено кога купуваме брза храна, пишува GreenMatters.

Пред неколку дена од компанијата Kraft Heinz Co. најавија дека планираат сите пластични пакувања да ги направат 100% компостабилни, реупотребливи и погодни за рециклирање до 2025 година. Тие планираат да соработуваат со здруженија на компании, експерти и организации за да најдат соодветни материјали за нивните амбалажи.

Освен кесичките кечап, има многу други производи кои се тешки за рециклирање затоа што се комбинација од фолија и пластика и тешко се издвојуваат. Kraft Heinz веќе ги има намалено производите кои се продаваат во кесички за еднократна употреба, па дури ја имаат надминато и нивната цел да ја намлат количината амбалажа од 5.000 метрички тони.

Kraft Heinz не е динствената компанија која презема вакви чекори. Многу компании, големи или мали, се трудат да го намалат своето штетно влијание врз околината додека истовремено развиваат квалитетни производи. Компаниите како IKEA исто така сакаат да ја елиминираат пластиката за еднократна употреба од нивните продавници.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •