21 C
Skopje
вторник, септември 29, 2020

Хрватскиот стартап Tolar прибра 8 милиони долари инвестиции во криптовалути

TMF desktop 19.08.2020

 

Откако во септември минатата година заврши ICO (initial coin offering), која е  форма на crowdfunding финансирање, хрватската стартап компанија Tolar се очекува дека ќе вреди 60 милиони долари, по што ќе биде излистан на светските крипто-берзи

Најголемиот хрватски Initial Coin Offering (ICO), тежок 390 милиони куни односно 60 милиони долари, и тоа кога се уште не е затворен процесот на прибирање капитал. Стартапот Tolar.io досега собра повеќе од 20.000 етериуми, што по цена на таа криптовалута во вторникот од 406.7 долари значи дека од инвеститорите се собрале 8,1 милион долари. Тоа беше долната граница која си ја постави Tolar за сопственото ICO. Од компанијата не отриваат за колку ја надминаа минималната граница. Во нивниот Whitepaperu, кој што е еден вид проспект кој се прави кога компаниите излегуваат на берза, пишува дека цел им е инвестиција од 45.000 етеруми за удел од 35% во стартапот.

Зоран Ѓорѓевиќ, извршен директор на Tolar е еден од двајцата партнери во Cotrugli Business School кој се приклучи кон овој проект и го поддржа основачот на Tolar и неговиот технички директор Јосип Миричевиќ, вели дека е задоволен од досегашното прибирање на капитал. Освен прибирањето на средства, според него, поважно е што се креирале партнерства и контакти кои ќе им помогнат бргу да станат светска технолошка компанија.

“Причината поради која направивме глобално roudshow е визијата на Tolar да стане глобална платформа за нови ICO проекти и платформа која ќе има конкретна имплеменатција во реалниот и во државниот сектор“, вели Ѓорѓевиќ. Веќе развија технолошко решение HashNET кое ги задржа сите добри страни на blockchain технологијата и решение за досегашните недостатоци како што се брзината на трансакциите, скалабилноста и големата потрошувачка на енергија.

Ова roudshow ќе продолжи во Торонто, Перт, Лондон, Дубаи и Москва.

Во светот во моментов се случува голема трка за побрзи трансакции со криптовалути. На пример, Биткоин врти 7 трансакции во секунда, Етериум 20, Виза до 56.000 итн.
“Се одлучивме за поинаков пристап и развивме продукт  Tolar HashNET со кој надминавме брзина од 100 илјади трансакции во секунда“, додава Ѓорѓевиќ.

Poslovni.hr

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •